Бутел Скопје потпиша со Јапонец


Фото: РК Бутел Скопје

По екипите на РК Вардар 1961 (Јашухира и Кавада) и ГРК Охрид (Мацуока) и екипата на Бутел Скопје ангажираше Јапонец во својот тим. Четвртиот ракометар од Далечниот исток е младински репрезентатиец што игра на позицијата лев бек и со оглед на ракометот што се игра во Јапонија, очекуваме да внесе и малку брзина во играта на скопскиот состав.
 

РК Бутел Скопје, го промовираше јапонскиот играч:
Младинскиот репрезентативец на Јапонија, Рио Козакаи, е најновото засилување за тимот на Бутел Скопје.
Рио Козакаи има 21 година, а доаѓа од составот на Цукуба од Јапонија и за него ова ќе биде прво искуство надвор од татковината.
Настапува на левата бековска позиција, игра во двата правца, а со нашиот тим се обврза на договор од една сезона.
Тој ќе дебитира на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, иако на екипата на Горан Кузманоски и се приклучи неодамна

Поврзани вести