Photo: RD Slovan/Sportida
РД СЛОВАН – РК АЛКАЛОИД 30-31 (18-14)
Иако го одиграа петтиот натпревар по ред во краток период, ракометарите на РК Алкалоид продолжуваат со одличните партии во подготвителниот период.
Вечерва на првиот меч од меморијалниот турнир што се игра во Словенија, екипата на РК Алкалоид го совлада шампионот на Словенија, тимот на РД Слован од Љубљана.
Натпреварот заврши со победа на македонскиот состав од 31-30, а средбата покрај тактичките воигрувања и темпирањето на формата беше и тест за карактерот на македонските ракометари, затоа што словенечкиот првак водеше во поголемиот дел од средбата, на полувреме со 18-16, во вториот дел имаше и плус шест (22-16). Момците на Кирил Лазаров покажаа дека нема предавање и во вториот дел постојано ги притисткаа условно кажано домашните ракометари кои конечно, во финишот на средбата попуштија под притисокот. РК Алкалоид израмни на 28-28, а потоа и поведе 29-28, па и со два гола разлика, 31-29, пред РД Слован да постигне гол за 30-31 што беше и конечниот резултат од натпреварот.
Следниот противник и воедно претпоследниот во подготовките на РК Алкалоид ќе биде екипата на РК Шкофја Лока.