Петар и Павле продолжуваат со Е. Пелистер

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Убава вест утрово сподели актуелниот првак на Македонија, РК Еурофарм Пелистер. Двајца македонски ракометари, близнаците Петар и Павле Атанасијевиќ потпишаа продолжување на договорите со клубот и ќе останат во зелениот дрес најмалку до 2028 година. 
Петар и Павле се маѓу најголемите македонски таленти во актуелната генерација и веќе имаат и етаблирано место во сениорската репрезентација. 


 

Новата сезона тропа на врата, но нашиот проект се протега многу подолго и затоа размислуваме и за иднината. Двата репрезентативни „бисери“ и наши членови со години наназад, Петар и Павле Атанасијевиќ ги продолжија договорите до јуни 2028 година и својата иднина ја гледаат во Битола и во шампионскиот тим.
Со овој потпис клубот јасно покажува дека од прогресот и скокот од Еурофарм Пелистер 2 во Еурофарм Пелистер, сака браќата Атанасијевиќ да ги задржи и во нивното целосно созревање, заокружувајќи една деценија во зелено-белиот дрес.
Петар и Павле Атанасијевиќ имаат по 22 години и веќе можат да се пофалат со три шампионски титули и два Суперкупа на Македонија, а зад себе имаат и по неколку големи натпреварувања во дресот на македонската репрезентација, објавија од РК Еурофарм Пелистер

Поврзани вести