Лазаревски три месеци надвор од теренот

Фото: РК Вардар 1961

Вардар 1961 има голем пех на почетокот на сезоната, затоа што еден од најдобрите играчи во тимот, пикерот Милан Лазаревски ќе мора да мине надвор од теренот три месеци.
Милан Лазаревски имаше повреда на десното рамо која мораше да биде санирана со операција. Хируршкиот зафат беше извршен во Загреб. Операцијата е успешно извршена, а проценетиот период за рехабилитација е три месеци. 
Враќањето е предвидено во крајот на ноември или почетокот на декември, слично како и двајцата репрезентативци од редовите на РК Алкалоид (Марко Митев и Никола Костески), па селекторот Кирил Лазаров ќе има три рековалесценти кои ќе имаат време од околу еден месец да ја вратат потребната форма пред настапот на Македонија на Европското првенство во Данска. 

РК Вардар 1961 денеска ја објави информацијата на своите социјални мрежи: 


Милан Лазаревски ќе паузира три месеци по операцијата на рамо
Милан Лазаревски, искусниот пивотмен на Вардар 1961 и македонската репрезентација, ќе се повлече од терените поради успешна операција на десното рамо извршена во Загреб од страна на д-р Никола Чичак. Предвиденото отсуство е три месеци.
Лазаревски имаше проблеми со рамото, и беше решено во најбрз рок да се изврши операција за потоа да биде подготвен за она што следува во првенството.

Поврзани вести