РД ШКОФЈА ЛОКА - РК АЛКАЛОИД 24-31 (9-16)
Екипата на РК Алкалоид стигна до подготвителната победа број шест, откако вечерва без особени проблеми ја совлада екипата на РД Шкофја Лока со 31-24.
Словенечкиот состав беше резултатски рамноправен на почетокот на натпреварот, а по резултат 6-6, РК Алкалоид направи серија од 4-0, поведе со 10-6 и потоа до полувреме стигна и до предност од седум гола разлика. Во второто полувреме разликата најчесто беше седум или осум гола предност за македонскиот тим, до конечните 31-24.
Тренерот Кирил Лазаров и на овој натпревар шанса да играат им даде на сите расположливи ракометари.
Последниот меч во подготвителниот период за РК Алкалоид ќе биде финалето на 31 Меморијален турнир „Јоже Шилец“.