Охрид и Е. Пелистер вечерва за пехар

Фото: ГРК Охрид

Во финалето на четвртиот меморијален турнир „Крсте Андоновски“ што се одржува во салата Билјанини извори во Охрид, ќе се сретнат домашниот ГРК Охрид и актуелниот првак на Македонија, РК Еуорофам Пелистер.

Охриѓани со еден пораз стигнаа со финалето, битолчани имаат еден нерешен натпревар и денеска ќе играат и за одржување на серијата натпревари без пораз.
Натпреварот ќе се игра со почеток од 20:00 часот.
Екипата на РК Вардар 1961 ќе има уште еден силен тест во подготовките, попладнево од 17:45 часот ќе се сретне со хрватскиот вицепрвак Нексе во меч за третото место на турнирот. За петто место ќе играат екипите на Партизан и Тримо, а последните две места ќе ги заземат тимовите на Динамо Панчево и Киндил Торшавн.

Поврзани вести