Гиљермо Милано ќе води тим од САД

Фото: ГРК Охрид

Аргентинскиот тренер Гиљермо Милано, кој минатата сезона го водеше македонскиот РК Вардар 1961 има нова мисија. Тој е назначен за тренер на американската екипа Калифорнија Иглс и ќе го води овој тим на Светското првенство за клубови што ќе се одржи во Каиро следниот месец. 
Милано на клупата на Вардар имаше одлични резултати сѐ до најважниот натпревар, дуелот со РК Еуорфарм Пелистер во Скопје кога неговиот состав иако беше во поволна позиција пред мечот, загуби и пропушти шанса да стане првак.
Милано тој меч го плати со разделба, но многу брзо се снајде и ќе води тим на атрактивно натпреварување, каде што ќе биде голем аутсајдер. 
Калифорнија Иглс се пласираше на Клупското СП откако победи на турнир одигран во Лас Вегас под водство на Даниел Гордо. Но, шпанскиот тренер има обврски кон екипата на Адемар Леон и поради тоа се раздели со Американците, оставајќи го местото на Гиљермо Милано. 

Поврзани вести