Алкалоид со пехар се враќа од Словенија!

РД РИКО РИБНИЦА – РК АЛКАЛОИД 32-35 (20-18)

Екипата на РК Алкалоид е победник на 31 меморијален турнир „Јоже Шилц“ што се одржа во Словенија. По победите над РД Слован и РК Шкофја Лока, во финалето на турнирот РК Алкалоид ја совлада и домашната екипа РД Рико Рибница со резултат 35-32 (18-20) и го заокружи скорот во подготовките на седум победи од седум одиграни натпревари.

Во финалето на турнирот, уште еднаш беше на тест карактерот на РК Алкалоид. Домашниот состав водеше по првите 30 минути со два гола разлика. РК Алкалоид веднаш израмни во вториот дел (20-20), потоа се играше гол за гол до резултат 25-25, по што РК Алкалоид нагази посилно, постигна четири голови во серија, поведе со 29-25 и ги реши сите дилеми. Имаше до крајот во два наврати и плус шест македонскиот состав, но во финишот домашните успеаја да анулираат дел од негативата и конечно мечот заврши со резултат 35-32 за РК Алкалоид.

Поврзани вести