-
23.8.2025
-
Македонски ракомет
Фото: ГРК Охрид
ГРК ОХРИД – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 31-26 (12-10)
Екипата на ГРК Охрид е победник на четвртиот меморијален турнир „Крсте Андоновски“ што минативе денови се одржуваше во „Билјанини извори“.
Во финалето на турнирот ГРК Охрид се сретна со актуелниот првак на Македонија, екипата на РК Еурофарм Пелистер и на задоволство на речиси полната сала, успеа да го совлада зелено-белиот тим и да го подигне победничкиот пехар.
Дека ГРК Охрид сезонава на хартија има тим можеби и за шампионска титула се виде на денешниот меч, иако и двата тима не беа комплетни, а и разбирливо во оваа фаза воигрувањето, а не резултатот би требало да биде во преден план.
Но, двата тима се склопени за постигнување на резултати, па така беше и вечерва. Израмнетиот прв дел се претвори во не висока, но солидна предност за охрид од три до четири гола. Битолчани се обидоа со сите сили да ја анулираат негативата, но за разлика од минатите состави, овој состав на Охрид имаше нерви, трпение и одговор за обидите на Е. Пелистер да се врати во игра. Во финишот беше и целосно разбиена играта на Гарабаја и ГРК Охрид стигна до големата победа.
Третото место го освои екипата на Нексе која денеска го совлада неконцентрираниот РК Вардар 1961. Петтото место е за Партизан, шестото за Тримо, седми е Динамо Панчево, а последен е тимот од Фарски острови – Килдан Торшавн.
Поврзани вести