РФМ на состанок со врвот на ЕХФ

Фото: РФМ

Раководството на Ракометната федерација на Македонија информираше дека се во работна посета на Европската ракометна федерација (ЕХФ) во Виена.
Претседателот на РФМ Александар Стефанов и генералниот секретар Влатко Тасевски, остварија средба со претседателот на ЕХФ Михаел Видерер и со генералниот секретар Маркус Хауслајтнер.
На средбата се разговарало за развојот на ракометот, како и за претстојните Европски првенства што следуваат во календарот на ЕХФ.
РФМ оцени дека оваа средба претставува важен чекор кон унапредување на соработката и развојот на македонскиот ракомет на европско ниво.

Поврзани вести