Фото: ГРК Охрид
Првиот сезонски пехар во македонското првенство ќе биде доделен денеска. Актуелниот првак РК Еурофам Пелистер ќе игра против атуелниот освојувач на Куп на Македонија, РК Вардар 1961 во Суперкуп мечот по што еден од овие два тима ќе го запише уште еднаш своето име во историските освојувачи на ова натпреварување.
Суперкуп на Македонија се одржува од 2017 година, а ова ќе биде осмото издание. Сами три екипи успеале да триумфираат, а тоа се РК Вардар (2017, 2018, 2019, 2023), РК Еурофарм Пелистер (2021 и 2022) и РК Алкалоид (2024). Дали Вардар по петти пат или трета среќа за Пелистер ќе биде одлучено по 60 минутна битка што вечерва е закажана во салата „Јасмин“ во Кавадарци со почеток од 19:00часот.
Новото раководство на РФМ одлучи овој меч да се игра во Кавадарци, што и во минатото понекогаш била пракса затоа што географски е во најнеутралната зона.
Но, поголема е блискосто на домашните, кавадаречки фанови со битолската навивачка група, па вечерва очекуваме амбиент во кој покомотно ќе се чувствуваат ракометарите на РК Еурофарм Пелистер.
Двата тима имаат доста новитети во своите редови и играчи и тренери, а вечерва ќе треба да покажат сѐ што знаат. Минативе десетина дена одиграа двапати, Е. Пелистер победи и на двата натпревари, но нема да имаме грижа на совест ако напишеме дека на овие два меча можеби се калкулирало, дека екипите не беа комплетни, дека се криеле силните страни и џокери, а се испитувале слабостите на протиникот и ред други работи.
Тоа можело да биде биде колку толку легитимно оправдание за играта на турнирите во Охрид и Скопје, но вечерашниот меч, иако не е за бодови, сепак е поинаква приказна и тактизирања и калкулации веќе нема да бидат „легитимно“ оправдување.
Поврзани вести