Томовски во Ол стар тим, Хановер ќе се загрева во Хамбург, Барса без Цикуша...

Македонскиот репрезентативен голман, Мартин Томовски уште во првото коло е селектиран во најдобрата постава. Томовски имаше 20 одбрани на премиерниот натпревар што неговиот нов тим, Битенхајм, го доби против Елбфлоренц од Дрезен (28-24).

Екипата на ТСВ Хановер -Бургдорф ќе ја видиме во сабота во Скопје на реванш натпревар со екипата на РК Алкалоид од квалификациите за ЕХФ Европската лига.
Вечерва, Хановер ќе игра меч од второто коло од Бундеслигата. Со почеток од 20:00 часот, Хановер ќе му гостува на тимот на Хамбург.

Емил Мелегард, 24 годишното лево крило летово направи трансфер на кариерата и од данскиот тим Хој Елит, потпиша за славниот Пари Сен Жермен.
Но, новата авантура имаше катастрофален почеток за Швеѓанецот затоа што за време на турнејата во Јапонија каде што традиционално гостуваат парижаните, Мелегард се повреди.
Дијагнозата е дека настрадале предните вкрстени лигаменти на колено и за него мошне веројатно сезоната е завршена уште пред да почне.
ПСЖ есенва ќе игра против македонскиот Еурофарм Пелистер во групната фаза од Лигата на шампионите и најверојатно ќе има нов играч на левата крилна позиција.

Барса ќе ја почне сезоната без Петар Цикуша. Тој се повреди на турнирот Суперкуп Иберико на кој играат најдобрите екипи од Шпанија и Португалија. Проблеми со препоните се причината поради која Цикуша нема да биде во состав најмалку во наредните две недели.














 

Поврзани вести