Е. Пелистер има рецепт за Вардар 1961

Фото: ГРК Охрид

РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – РК ВАРДАР 1961 28-27 (12-13)

Актуелниот првак Е. Пелистер е победник на Суперкуп 2025, меч во кој противник му беше најголемиот ривал, РК Вардар 1961.

РК Еурофарм Пелистер го освои третиот пехар во Суперкуп и ја запишат третата победа на РК Вардар 1961 сезонава, најнеизвесната досега. Суперкуп мечот беше борбен, драматичен и неизвесен. Други посебни комплименти за што го видовме не би доделувале, но ги исполни очекуваните критериуми овој дуел.
Битолчани до победата стигнаа на крилата на Усама Хосни и Домен Тајник. Ова дуо бекови имаше свои периоди на натпреварот на кои го креваше и носеше тимот. Вардар 1961 имаше свои кратки блесоци, но не успеа да ги претвори во победа. Недостасуваше и од теренот и од клупата вистински потег во вистински момент за да се материјализира добрата игра во одредени периоди.

Битолчани подобро отворија и поведоа со гол два разлика, а тоа беше резултат актуелен во првите 10 минути. Вардар израмни на 5-5, потоа беше 6-6, а од 13 до 18 минута беше најдобриот период за скопскиот состав, кој дојде до водство од 10-6.
Во тие моменти, ракометарите на Пелистер, немаа што да понудат и делуваа инфериорно.
Но, следеше исклучувањето на Мамаду Кеита се разигра Хосни кој постигна три гола по ред и ги извади битолскиот состав од летаргијата. Вардар успеа да одржи разлика до 13-9, но го загуби ритамот, па битолскиот состав стигна до 12-13, резултат на полувреме.

Првите два гола во вториот дел завршија во мрежата на Вардар и Пелистер целосно ги избриша од семафорот добрите пет минути на тимот на Иван Чупиќ.
Во следните 15-тина минути се играше во рамки на гол-два разлика за Е. Пелистер, период во кој видовме и доста индивидуализми и игра на сила, но и некои убави потези. Домен Тајник беше нерешливиот играч за Вардар. Така беше до 49 минута, кога за деведесетина секунди од 24-22 стана 26-22 и Е. Пелистер беше на праг на рутинска победа.
Но, Филип Талески тргна на сѐ или ништо и ја смени сликата на теренот со два постигнати голови од дистанца, а Вардар се приближи и израмни на 26-26.

Следеа два седмерци, реализирани од Дејан Манасков и Харуки Кавада, па во последните 15 секунди се влезе со резултат 26-26 и напад за Е. Пелистер.
Чупиќ не ја најде вистинската одбрана за последниот напад и Осама Хосни го постигна својот 10 гол, а на Е. Пелистер му го донесе третиот победнички пехар во Суперкуп на Македонија.







 

Поврзани вести