Ѓоргиев: Сакаме победа против Хановер

РК Алкалоид во сабота вторпат ќе игра со германскиот состав ТСВ Хановер-Бургдорф во рамките на квалификациите за пласман во групната фаза на ЕХФ Европската лига. 
Првиот меч не заврши како што посакуваа македонските ракометари и ракометна публика. Германскиот тим со висока предност доаѓа во Скопје. За македонскиот тим, следниот меч, сепак, нема да биде рутински, туку уште еден натпревар на кој победата е целта, особено затоа што на средбата во Германија противникот стигна до резултат што не ја отсликува реалноста. Но, покажува некои битни разлики во македонскиот и германскиот клупски ракомет и на РК Алкалоид е да покаже дека ја научил лекцијата и дека од овие два натпревари ќе излезе посилен отколку што беше. 

Капитенот Игор Ѓоргиев го најави мечот на денешната прес конференција: 

„По дуелот во Германија со екипата на Хановер, сега ни следи домашен дуел пред нашата публика. На првиот меч екипно имавме лош ден пред се во нашата реализација, за чисти ситуации и пенали, што против една таква екипа е недозволиво. Негативата е голема, но ние нема да се откажеме во ниеден момент. Со помош на нашата публика ќе се бориме. Пред мечот го добиваме и пехарот во Европскиот куп, па затоа ја повикувам јавноста во сала, прво да се израдуваме на пехарот заедно, па потоа да бидат наш осми играч“, изјави Ѓорѓиев.

Поврзани вести