Карасманакис: Ќе бидеме подобри од првиот меч

Со пехар од ЕХФ Европскиот Куп заслужено освоен по тешка и долга сезона и мотив да се покаже во најдобро светло во домашната и европската јавност, РК Алкалоид во сабота ќе го пречека бундеслигашот Хановер во обид да се реваншира за слабото реализаторско издание и високиот пораз од првиот натпревар. 

Валентин Карасманакис имаше тешки дуели со германските ракометари на линијата во Хановер, сега ќе ги пречека во својата Автокоманда, каде што мотивите ќе бидат поинакви. 

„Сѐ што ни останува е да дадеме 100 отсто од себе на терен и евентуално ако ни се даде шанса, да бидеме подобри од претходно и да го чекаме исходот. Ја повикувам публиката да ни даде поддршка на овој дуел на кој сакаме да сме подобри“, изјави ​Валентин Карасманакис

Поврзани вести