Е. Пелистер отвори со гостинска победа

РК БУТЕЛ СКОПЈЕ – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 20-29 (16-10)
Петар Атанасијевиќ 10 – Димитар Узунчев 4, Дејан Михајловиќ 4


Крената е завесата на машката Суперлига со премиерниот натпревар на кои беа постигнати очекуваните резултати.
Само еден ден откако се закити со победничкиот пехар од Суперкуп, екипата на РК Еурофарм Пелистер го совлада тимот на РК Бутел Скопје, на гостински терен, без резултатски неизвесности со 29-20 (16-10).
Петар Атанасијевиќ со 10 постигнати гола беше најефикасниот играч на натпреварот, а од редовите на домашниот состав, Димитар Узунчев и Дејан Михајловиќ постигнаа по четири гола.

Натпреварот беше решен во првите 10 минути кога гостинскиот состав поведе со 7-2 и потоа ја одржуваше разликата која стигна и со осум гола (14-6), на полувреме беше 16-10.
Слично се развиваа настаните и во второто полувреме во кое гостите во 58 минута стигнаа и до плус 10 (28-18), а на крајот средбата заврши со резултат 29-20.







 

Поврзани вести