Photo: Max Petershans / CC BY-SA 4.0 via Wikimedia Commons/ cropped image
Фуксе Берлин стои зад паролата дека најголемите грешки се прават во време на најголемите успеси.
Тие само што го запишаа најголемиот успех, одиграа голем потег.
Новиот германски шампион, екипата на Фуксе Берлин сезоната ја почна со промена на тренерот и директорот на тимот. Одолговлекувањето да се потпише нов договор, комбинациите за нивните замени, приказните дали е подобро веднаш да се сврти новата страница - не го дочекаа крајот на сезоната.
Штефан Кречмар прв го одигра потегот и го забрза развојот на ситуацијата. Објави дека нема да го продолжи договорот со јуни.
Тоа беше „сигналот“ што му беше потребен на Боб Хенинг, човекот кој е алфа во клубот. Веднаш следеше спогодба за договорот да биде прекинат веднаш.
Акционерите во клубот, го ослободија од обврските и тренерот со кој станаа германски шампиони и играа финале на Ф4 во Келн - Јарон Сиверт.
Фуксе Берлин очигледно беше спремен за вакво сценарио и веднаш потпиша тригодишен договор со нов тренер. Данецот Николеј Крицкау ќе го води Берлин во продолжението на сезоната и во Лигата на шампионите.