-
05.9.2025
-
Македонски ракомет
Фото: Андреј Ристески/Меѓународен меморијален ракометен турнир „Миле Нешкоски“
Утре почнува новата европска авантура на екипата на РК Бутел Скопје. Македонскиот клуб ќе се натпреварува во ЕХФ Европскиот Куп каде што доби место како трета македонска екипа, заедно со екипите на ГРК Тиквеш и ГРК Охрид кои ќе го почнат натпреварувањето од второто коло.
РК Бутел Скопје почнува од првото коло, а противник ќе му биде екипата на Дуделанж од Луксембург. Навидум лесна ждрепка која сериозна екипа каква што е Бутел Скопје би требало да ја мине беа поголеми проблеми, односно очекуваме од екипата на Горан Кузманоски да запише две победи.
Луксембуршкиот тим е 23 кратен државен првак и 19 пати освојувач на Куп. Иако ракометот во Луксембург е на аматерско ниво, изгледа дека се добро организирани. За разлика на пример од поголемиот дел од македонските екипи, Дуделанж има свој веб сајт, има густ распоред на активности, сите однапред закажани и резервирани, продажба на поединечни и на сезонски билети и нема зошто да помислиме дека не се добро организирани.
Како ќе изгледаат играчки е друга приказна. Имаат само еден стрнски играч, тој е Португалец се вика Диого Ребимбас, има 19 години и игра на позиција пивот. Но, имаат и домашни ракометари кои се викаат Јосип Илиќ, Алдин Зекан, Итуа Отите и Оџие Отите.
Тренерот на екипата е Душко Билановиќ, кој пак е Германец како додаток на српскиот пасош. Тој е и ракометно најпознатиот во клубот, поранешен играч на Валау Масенхајн, подоцна тренер во пониските лиги, но и во Баер Дормаген.
Натпреварот почнува во 18:00 часот, а реваншот ќе се игра една следниот викенд во Скопје. По ова очекуваме Бутел Скопје да се пласира во второто коло, а таму ќе се сретне со косовскиот тим Раховец и ќе има убава шанса да се пласира и во третото коло на ЕХФ Куп.
Поврзани вести