Алкалоид ја чека круната, Бутел на европска сцена

Фото: РК Алкалоид/Роберт Спасовски

Четвртиот вкупно европски пехар, вечерва ќе биде доделен на македонска екипа. РК Алкалоид по два месеца чекање, вечерва на премиерата на европската сезона 25/26 во Скопје, ќе го добие пехарот од ЕХФ Куп освоен минатата сезона. 

Веднаш потоа почнува реванш натпреварот со германскиот тим ТСВ Хановер Бургдорф на кој противникот има голема предност од првиот меч. Но, ракометарите на Алкалоид имаа задачат да победат вечерва и да се приклучат на малото друштво на македонски екипи кои воопшто победиле германски тим во својата историја. 
Такви екипи, пак, во Македонија се само три. 
Натпреварот ќе се игра во салата „Автокоманда“, а почетокот е закажан за 19:30 часот. 

Вечерва со почеток од 18:00 часот, во Луксембург, екипата на Бутел Скопје ќе го игра првиот меч од првото коло во ЕХФ Европски Куп. Противник е тимот на Дуделанж, екипа против којаочекуваме Бутел Скопје да нема поголеми проблеми и да се пласира во второто коло. 

Поврзани вести