Отворена европска врата за РК Бутел Скопје

Екипата на Бутел Скопје ги оправда очекувањата и со победа на гостински терен во првиот натпревар од ЕХФ Европскиот Куп над екипата на Дуделанж од Луксембург си ја отвори европската врата за убава, можеби најубавата сезона во клупската историја.
Бутел Скопје во Дуделанж запиша победа од 31-27 и не остави отворени прашања пред реваншот што следната недела ќе се игра во Скопје.

Предводени од Филип Николов (9 гола) и браќата Тодор Узунчев (7) и Димитар Узунчев (5), ракометарите на македонскиот клуб имаа плус четири на полувреме, водеа со четири-пет гола разлика речиси цел натпревар, а домашните само еднаш се заканија и намалија на само еден гол минус (19-20), по што одново контролата ја презема екипата на Горан Кузманоски.
Имајќи предвид дека ако се пласираат во второто коло таму ќе играат со екипата на Раховец од Косово, на ракометарите на Бутел Скопје им се насмевнува убава европска есен, во која ќе можеме да ги видиме и нивните натамошни дострели.

Поврзани вести