Томовски одличен, ПСЖ со ново крило, Лекаи оди во пензија...

Македонскиот репрезентативец Мартин Томовски имаше уште една успешна партија во екипата на Битенхајм и со 11 интервенции и еден постигнат гол беше еден од најважните играчи на домашниот тим кој извојува тешка победа од 33-30 над екипата на Либек-Швартау.

Унгарскиот ракометар Мате Лекаи објави дека веќе нема да игра за репрезентацијата на Унгарија. Лекаи има 37 години и во моментов е ракометар на Ференцварош, а најголемите успеси во кои се запишани и четири шампионски пехари во СЕХА, ги има запишано како ракометар на Веспрем.

ПСЖ во Битола ќе дојде со ново норвешко крило. Синдре Хиндал е ангажиран по кратка постапка од екипата на Елверум откако им се повреди овосезонското засилување, шведскиот ракометар Емил Мелегард.

Хорор старт на сезоната за Гарсија Парондо и Мелзунген. Во две кола загубија четири бода, колку што лани загубија за 18 кола. Но, имаат оправдување, надвор од игра им се седум ракометари од кои шестмина се бекови. Последен на списокот е Владислав Кулеш кој има повреда на дланката и ќе биде отсутен неодредено време. Мелзунген за дуелот со Ајзенах имаше на располагање само три бека, но и покрај тоа успеа да стигне до првата победа (29-27).













 

Поврзани вести