СУПЕРЛИГА: Алкалоид против Тиквеш, езерско дерби во Охрид

Денеска почнува второто коло во Суперлигашката конкуренција, во која екипите на Алкалоид и Охрид кои играа дерби пред три дена, одново ќе бидат во главните улоги. 
Алкалоид ќе гостува во Кавадарци кај екипата на ГРК Тиквеш што е меч што ќе го понесе епитетот дерби на колото. Натпреварот ќе се игра во салата „Јасмин“ во Кавадарци со почеток од 18:00 часот. 
ГРК Охрид, пак, на домашен терен ќе ја пречека екипата на Струга. Домашните се фаворити, но дуелите на овие две екипи без разлика на моменталниот квалитет секогаш ќе бидат насловувани како езерско дерби и же имаат посебен шарм. 
Екипата на Т. Пролет 62 која во првото коло го совлада ГРК Тиквеш и испушти голем вентил со притисок, сега растоварено ќе гостува кај актуелниот првак РК Еурофарм Пелистер. 

СУПЕРЛИГА 2 КОЛО
ДЕНЕСКА
18:00  ГРК Тиквеш - Алкалоид
18:00  Еурофарм Пелистер - Тинекс Пролет
18:30  ГРК Охрид - Струга
УТРЕ
17:00  Е. Пелистер 2 - Вардар 1961
18:00  Прилеп - Куманово
17.9.2025
Радовиш - Бутел Скопје

Поврзани вести