Бутел Скопје денеска по второ коло од ЕХФ Куп

Фото: РК Бутел Скопје

Екипата на РК Бутел Скопје попладнево треба да го верификува пласманот во второто коло од ЕХФ Европскиот Куп. Македонскиот претставник ќе го игра реванш натпреварот со тимот на Дуделанж од Луксембург, а на првиот меч како гостин славеше победа од 31-27. 
Реваншот можеби е формалност, но на скопските ракометари денеска ќе им треба поддршка од трибините за да го прослават заедно со публика пласманот во следната рунда. 
А во следната рунда, противник ќе биде тимот на Раховец од Косово, екипа што исто така реално не би требало да биде голем проблем за Бутел Скопје да се најде и во третото коло на ЕХФ Европскиот Куп. 

Натпреварот ќе се игра во салата Јане Сандански со почеток од 18:00 часот. 

Поврзани вести