РФМ на Конгрес на ЕХФ во Австрија

Фото: РФМ

Ракометната федерација на Македонија претставувана од претседателот Александар Стефанов и генералниот секретар Влатко Тасевски ќе учествува на 17 Редовен Конгрес на ЕХФ што ќе се одржи во Австрија. Овој Конгрес е изборен и ќе се гласа за нови мандати за сите позиции во Европската ракометна федерација.

РФМ ќе го искористи настанот за размена на искуства, унапредување на меѓународната соработка и зацврстување на позицијата на македонскиот ракомет во европското семејство, а ќе има и двајца кандидати за позиции во комисиите на Европската ракометна федерација.

Поврзани вести