ЛШ ПРЕГЛЕД: Барса „падна“ во својот дом!

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Дерби на колото, дерби на целата групна фаза во Лигата на шампионите е дуелот меѓу Барса и Магдебург. Првиот се одигра во Шпанија, а победи германската екипа.

Барса беше без Дика Мем, но сеедно, на прсти можат да се избројат нивните порази на домашен терен, а вчера Магдебург се запиша во историјата како една од екипите која ги однела бодовите во славната „Блауграна“.

Годинава силен тим е Келце, но прими дури 41 гол четата на Талант Душебаев во Лисабон, каде што „шериф“ е тимот на Спортинг, а таму во отсуство на Мартим Кошта, неговиот помлад брат Франциско даде девет гола исто колку и Салвадор Салвадор.

Во Унгарија, француското крило Иго Деска со осум гола го водеше тимот на Веспрем до првата победа (3-25) над Нант, а во ова коло Унгарците запишаа двојна победа затоа што и Сегед победи, како гостин кај екипата на ГОГ која и натаму е без Оли Митун и веројатно во таков состав следната недела ќе допатува и во Битола.

Без бодови по две кола се екипите на Нант и Динамо Букурешт, Загреб и ГОГ. Максимални две од две имаат Берлин, Спортинг, односно Магдебург и Висла Плоцк.


ГРУПА „А“
Берлин – Алборг 31-28
Спортинг – Келце 41-37
Веспрем – Нант 30-25
Колстад – Динамо (Б) 31-28

Табела: Берлин (4), Спортинг (4), Келце (2), Веспрем (2), Колстад (2), Нант (0), Динамо (0)

ГРУПА „Б“
Барса – Магдебург 21-22
ПСЖ – Е. Пелистер 33-27
ГОГ – Сегед 31-36
Висла – Загреб 30-27

Табела: Магдебург (4), Висла (4), Барса (2), ПСЖ (2), Е. Пелистер (2), Сегед (2), ГОГ (0), Загреб (0)

Поврзани вести