Трет мандат за Видерер, Марјан Начевски во Апелација на ЕХФ

Фото: РФМ

Михаел Видерер го доби својот трет мандат за претседтел на Европската ракометна федерација. Очекувано, немаше противкандидат. Предраг Бошковиќ од Црна Гора е прв потпретседател, финансиите се кај Данецот Хенрик Лакур, претседател на Натпреварувачката комисија е Божидар Ѓурковиќ од Србија.

Македонија имаше двајца кандидати за комисиите на ЕХФ, а избран е само еден, тоа е Марјан Начевски кој стана за член на Апелација.




 

Поврзани вести