ФОТО: Конечно, заслужена радост за Алкалоид

Фото: РК Алкалоид/Филип Вирановски

Долго време чекаше Алкалоид за прослава на најголемиот клупски успех и еден од најголемите клупски успеси на македонскиот ракомет на европската сцена. 
Најмладиот македонски суперлигаш одигра напорна сезона, паралелно со домашниот шампионат одеше чекор по чекор и во ЕХФ Европскиот Куп и стигна до големото финале кое беше приказна за себе, која по многу перипетии, сепак, имаше среќен крај. Станаа европски победници, но не можеа да се израдуваат на победата заедно со своите навивачи. 
Победничкиот пехар го чекаа два месеца, но конечно и тој пристигна во Автокоманда. 
Мајсторот за фотографија, Филип Вирановски, ги овековечи моментите во кои ракометарите на Алкалоид конечно можеа да се радуваат на успешната европска сезона. 
 

Галерија

Поврзани вести