Женската репрезентација на Грција нема да го доигра турнирот „Трофеј Македонија“. Грчкиот тим се повелече од натпреварувањето поради вирусна инфекција, информираше Ракометната федерација на Македонија.
Ракометната Федерација на Македонија ја информира спортската јавност дека женската ракометна репрезентација на Грција нема да го продолжи своето учество на меѓународниот турнир „Трофеј Македонија“.
Причина за ваквата одлука е вирусна инфекција која зафати дел од ракометарките на грчкиот национален тим.
Македонската ракометна федерација им посакува брзо закрепнување на ракометарките од Грција, и упатува искрена благодарност за нивното учество и придонес кон турнирот.
Грција која беше најдобропласирана по две гола, вечерва требаше да игра против репрезентацијата на Македонија.
Грчката федерација објави дека пет нивни ракометарки имале стомачен проблем и затоа на дуелот со Тунис играле со 13 ракометарки, но следниот ден уште пет играчи се пожалиле на истите симптоми и било невозможно да се доигра турнирот.