Вардар подобар во дербито од Охрид



Фото: ГРК Охрид

ВАРДАР 1961 – ГРК ОХРИД 33-31 (17-15)
Митровиќ 8, Борозан 6 – Ѓукиќ 8, Вејин 5

По релативно успешниот старт на првенството кога од Автокоманда се вратија со освоен бод, ракометарите на ГРК Охрид денеска поразени се враќаат дома, а Вардар 1961 ја запиша својата втора суперлигашка победа.

Црвено-црните беа во водство во текот на целиот натпревар, освен во првите пет минути во кои минимална предност имаа охриѓани. Предноста на Вардар беше од еден до три гола и успешно ја одржуваа скопските ракометари се до последните десет минути од натпреварот.

Во 56 минута Охрид израмни на 31-31, потоа Јака Малус го доведе Вардар во водство од 32-31, а потоа охридските ракометари, имаа три напади за нерешено и трипати го промашија целиот гол. Прво Иванковиќ, потоа Вејин и на крајот Јотиќ.
Вуко Борозан ги казни со својот шести гол за водство од 33-31, а потоа Ојлески не успеа да ја исконтролира топката направи техничка грешка, но и без тоа победникот беше решен.

Денеска се одигра и натпреварот меѓу Бутел Скопје и Прилеп, а победи домашната екипа со 35-30, со тоа врза две победи по ред и се чини дека се соземува од срамната елиминација од луксембуршкиот Дуделанж во ЕХФ Куп.



 

Поврзани вести