Вардар носи ново лево крило од Франција?

Фото: РК Вардар 1961

Француското крило Мамаду Кеита кој годинава го замени Марко Срдановиќ на позицијата лево крило во екипата на РК Вардар 1961 се повреди и веројатно подолго време нема да го видиме на теренот.

Официјално непотврдено, но црвено-црните веќе ангажираа и замена за него. Жуниор Тузолана, уште еден интернационалец од Франција веќе е во Скопје и ако сѐ оди како што се зборува, наскоро би требало да биде промовиран за нов играч на Вардар.

Тузолана е ракометар кој минатата сезона ја заврши во редовите на екипата на Сесон Рен и остана слободен играч по завршувањето на сезоната. Има во своето резиме настапи на Понто и Истр, а своевремено беше и соиграч на Кирил Лазаров во екипата на Нант.

Поврзани вести