Денеска ново дерби во Автокоманда

Фото: РК Алкалоид

Вечерва со почеток од 18:00 часот во салата Автокоманда во Скопје ќе се одигра дерби меч од третото коло во машката Суперлига. 
РК Алкалоид го пречекува тимот на РК Еурофарм Пелистер, втор дуел од големата четворка што ќе се игра во Автокоманда и втор дерби меч во третото коло од Суперлигата. 

Сезонава според системот на натпреварување бодовите одиграни меѓу екипите што ќе се пласираат во Плејоф, како и меѓусебните на екипите што ќе играат во Плејаут се пренесуваат и тоа ги прави овие дерби натпревари важни уште од почетокот на сезоната и секој освоен бод може во завршната сметка да биде решавачкиот, иако ќе има уште многу дерби дуели до крајот на сезоната. 

Со оглед на моменталната форма и перформансите што ги покажуваат екипите на последните натпревари, гостинот од Битола е во мала предност и ќе ја има улогата на фаворит вечерва. Но, ова ќе биде нивната прва пресметка сезонава, а дерби натпреварите не се лесно предвидливи, Алкалоид има свои адути и шанси на овој натпревар, па ќе видиме како сето тоа ќе изгледа на терен.  

Поврзани вести