Трофејот Македонија за македонските ракометарки

Фото: РФМ

Репрезентацијата на Македонија е победник на возобновениот турнир „Трофеј Македонија“ што годинава се одржа во Охрид.
Македонската репрезентација го совлада тимот на Тунис, беше поразена од Египет, а средбата со Грција не се одигра затоа што гостинскиот состав поради здравствени проблеми на 10 нивни ракометарки порано си замина дома.
Египет така имаше шанса да стане победник доколку триумфираше над Тунис, но таа средба заврши без победник (25-25) и пехарот замина во рацете на македонските ракометарки.

Поврзани вести