Томовски останува најдобар голман во Втората Бундеслига

Фото: РФМ

Македонскиот голман Мартин Томовски имаше уште една успешна двоцифрена партија во Втората Бундеслига. Во натпревар од четвртото коло, неговиот тим Битенхајм минимално славеше победа на домашен терен над екипата на Кобург 2000 (34-33) и со само еден загубен бод по четири кола е на второто место на табелата.

Мартин Томовски имаше 11 одбрани на овој натпревар и со вкупно 57 интервенции и 38% одбранети удари е на првото место според статистиката во шампионатот. На второто место е голманот на Тусем Есен, Доминик Плое, кој има 12 одбрани помалку од Томовски.

Натпревар во Втората Бундеслигата играше и екипата на Дасау Рослаер, одново без повредениот Томислав Јагуриновски и беше торпедирана на домашен терен од тимот на Нордхорн (22-37). По овој пораз Десау Рослаер падна на шестото место на табелата.

Поврзани вести