Кеита ќе биде два месеца надвор од терен

Фото: РК Вардар 1961

Француското лево крило, Мамаду Кеита ќе биде надвор од теренот два месеца, информираше РК Вардар 1961 и ќе ги пропупшти важните дуели со Е. Пелистер и Алкалоид, а и почетокот на ЕХФ Европската лига. Клубот истакна дека засега единственото лево крило е Марио Стојановски. Неофицијално, замената за Кеита би требало да биде друг француски ракометар, Жуниор Тузолана. 
 

Мамаду Кеита ќе паузира најмалку два месеци поради операција на рамото. Интервенцијата е извршена во Загреб и тој веќе го почнува процесот на рехабилитација.
Поради проблеми со рамото, беше решено хируршката интервенција да биде извршена побрзо со цел да може и побрзо да се врати на теренот. Кеита дојде на почетокот на сезонава и покрај играњето во напад, особено важен беше за одбранбените задачи на тимот. Во моментов единствено лево крило во тимот е Марио Стојановски, објави РК Вардар 1961

Поврзани вести