Македонија доби признание од ЕХФ

Фото: mkdhandball

Изборниот Конгрес на ЕХФ заврши, а пред да биде спуштена завесата беа доделени специјални награди и признанија.

Македонија беше една од земјите која доби признание од ЕХФ. РФМ доби награда за организација на три настани во периодот од 2021 до 2025. Претходното раководство на Ракометната федерација на Македонија, со претседател Живко Мукатеров и генерален секретар Филип Милошевски организираше десетина ЕХФ и ИХФ настани. Меѓунив ЕХФ Шампионати и Европски првенства, со круна на сениорското ЕП 2022 во женска конкуренција.

Како заокружување на претходниот четиригодишен мандат во ЕХФ, Виена не го заборави придонесот на земјите кои беа најактивни во организацијата на „ЕХФ евентите“.

Поврзани вести