Топ вести: Казна за Литванија, отказ за Гудмундсон, даноците ги враќаат Данците назад...

ЕХФ ја казни Литванската федерација со парична казна од 5.000 евра затоа што на ЕП У19 во Црна Гора, на првите два натпревари играле со дресови на кои немало имиња на ракометарките.

Една од најважните француски ракометарки, Беатрис Едвиж направи трансфер во Икаст од Данска, а трансферот е важечки – веднаш. Едвиж во Данска доаѓа од екипата на ФТЦ Будимпешта, а претходно играше во големи клубови како Ѓер, Ростов на Дон и Мец.

Данскиот клуб Фредерицијa која ја гледавме во ЛШ против Еурофарм Пелистер, се раздели со исландскиот тренер Гудмундур Гудмундсон со кого ги оствари најдобрите клупски резултати во историјата. Овој клуб се подмлади и сега сака поинаков пристап.

Даночните олеснувања во Данска за интернационалци кои по 10 години минати во странство се враќаат назад се атрактивни за ракометарите кои токму поради високите даноци рано заминуваат од Данска. Микел Хансен и Никлас Ландин повлекоа нога, а следени се од Ханс Линдберг, Михаел Дамгард, Јаник Грин (сите отидоа или ќе одат во екипата на Хој), а овој дански тим стана конкуренција на Веспрем за потписот на Ласе Андерсон кој во моментов игра за Берлин.

Хаиме Гаљего, шпанскиот пивот кој минатата година играше за екипата на Барса, објави крај на кариерата иако има само 23 години. Бактериска инфекција на зглобот е причината поради која талентираниот ракометар реши да престане со ракомет.
 

Поврзани вести