Вардар го промовираше Тузолана

Фото: РК Вардар 1961

Македонскиот вицепрвак, РК Вардар 1961 го промовираше француското крило Жуниор Тузолана (30) за свој играч.
Информацијата за која веќе информиравме денеска е официјално потврдена од клубот, Тузолана дојде во Скопје како слободен играч откако минатата сезона настапуваше за екипата на Сесон Рен. Претходно има играно и за екипите на Понто и Истра, а беше и соиграч на Кирил Лазаров во екипата на Нант каде што мина три сезони од 2015-2018 година.

Жуниор Тузолана е замената за Мамаду Кеита, уште еден француски ракометар кој дојде во Вардар 1961. Тој се повреди, мораше да биде опериран и ќе го нема на теренот најмалку два месеца.

Поврзани вести