ТРАНСФЕРИ: Каде нишанат Барса, Берлин, Хановер...

Photo: TSV Hannover-Burgdorf (cropped image)

Јарон Сиверт, тренерот кој го одведе Фуксе Берлин до историска прва титула шампион на Германија и финалист на Лигата на шампионите, имаше неславен крај во клубот што го прослави. Заедно со спортскиот директор Штефан Кречмар беа сменети на почетокот на сезоната, но се чини дека Сиверт нема долго да чека за трансфер. Шпекулациите се дека данскиот тим Хој кој полека гради дрим тим од звучни ветерани и екипата на Хановер Бургдорф која по победите над Алкалоид запиша порази на дерби мечевите во Германија се сериозно заинтересирани за неговите услуги.

Една од најпознатите руски ракометарки, Јулија Манагарова, објави крај на кариерата. Следниот меч на нејзинот Ростов против Ижевск, ќе биде последниот.

Манагарова мина 11 сезони во тимот на Ростов Дон има шест шампионски пехари и осум Куп пехари, со репрезентацијата има сребро од Олимписките игри во Токио.

Голманот на Флензбург, Кевин Мелер е пред потенцијален трансфер во данската екипа ГОГ Гудме.

Исландскиот бек Јанус Смарасон би можел да ја напушти екипата на ПИК Сегед и да премине во Барса каде што ќе го замени Домен Макуц кој заминува за Кил.

Бекот на Колстад, Арне Лисе е на списокот на желби на екипата на Фуксе Берлин.

Никола Рогановиќ, синот на прославениот црнгорски ракометар Зоран Рогановиќ е пред можен трансфер во екипата на Гумерзбах од Германија.

Поврзани вести