Се разделија Бојана Поповиќ и Будуќност

фото: ЖРК Будуќност

Од моментот кога беше официјализирано дека Бојана Поповиќ станува асистент на Хеле Томсен на кормилото на репрезентацијата на Данска, се чекаше на моментот кога ќе се случи разделбата со најславниот црногорски клуб - ЖРК Будуќност каде што беше тренер и требаше да врши двојна функција паралелна со таа во Данска. 

Двата стартни порази во ЛШ, од кои првиот дома од некогашниот Дебрецен и вториот од Сторхамар на кој постигнаа само 14 гола беа своеведен катализатор на настаните, па така денеска клубот информираше дека спогодбено со разделува со најпознатата црногорска ракометарка во последните 20 години и за нов тренер го назначи Зоран Абрамовиќ. 

Поврзани вести