ТВ ПРЕНОС: Е. ПЕЛИСТЕР - ГОГ, ДИНАМО - ВЕСПРЕМ

Фото: mkdhandball

Денеска почнува третото коло во групната фаза од Лигата на шампионите со четири натпревари меѓу кои е и дуелот на македонскиот првак РК Еурофарм Пелистер против данскиот тим ГОГ Гудме. Тоа е натпревар што ќе се игра во Битола со почеток од 20:45 часот, а ќе биде директно пренесуван на МТВ-3 и на ТВ Арена Спорт 5. 

Директен ТВ пренос денеска ќе има и од регионалното дерби, натпревар меѓу шампионот на Романија, екипата на Динамо Букурешт и шампионот на Унгарија, екипата на Телеком Веспрем. Оваа средба почнува во 18:45 часот и ќе биде пренесувана на ТВ Арена Спорт 5 Премиум. 

Во денешната понуда од Лигата на шампионите, без директен ТВ пренос во Македонија се и натпреварите меѓу Алборг и Спортинг од 18:45 часот и Нант против Колстад од 20:45ч.

 

Поврзани вести