Photo: Mohan/Doha Stadium Plus Qatar/
Creative Commons Attribution 2.0 Generic (cropped image)
Еден од најголемите трансфер потреси летово беше објавата на браќата Алекс и Даниел Душебаев дека на лето заминуваат од екипата на Келце. Каде ќе продолжат и натаму е отворено прашање, а доста логично, во пакетот со нивното заминување беше ставен и можниот трансфер на нивниот татко, Талант Душебаев кој е тренер на екипата на Келце и има договор до 2027 година.
Кил и Берлин се споменуваат како можни дестинации за Талант, но тој вели дека не е птица преселница.
„Да немаа финансиски проблеми Сиудад Реал и Атлетико Мадрид, веројатно никогаш немаше да заминам ниту од таму. Во Келце се чувствувам убаво, имам договор до 2027 година, а дали ќе го продолжам не зависи од мене. Но, секако нема да потпишам договор што завршува во олимписка година. Би потпишал до 2029, 2031“, изјави Талант Душебаев во интервју за ТВ Полска.
На прашањето дали би потпишал до 2035, одговори следно:
„Ако ми понуди клубот договор до 2035, ќе го потпишам без гледање“.
Оттука се чини прилично јасно како може да се развива најочигледното сценарио, но во целата приказна се прашува и клубот Келце. Тој е таму од 2014 година и наскоро ќе треба да одлучат дали ќе останат со стариот лисец или ќе бараат нешто ново.