ТОП 5 ВЕСТИ: Барса и Веспрем во финале, нов голман за Флензбург, нова улога за Лекиќ

Photo: © IHF

Во финалето на клупското СП, утре од 19:00 часот во Египет, ќе се сретнат екипите на Веспрем и Барса. Во полуфиналетo Веспрем го совлада Магдебург (23-20), а Барса беше подобра од Ал Ахли (26-21).

Тренерот на екипата на Крајова, Овидиу Михаила е новиот селектор на женската репрезентација на Романија, учесник на претстојниот мундијал и еден од домаќините на следното Европско првенство на кое се надеваме дека ќе игра и Македонија.

Миахила доаѓа на местото на попознатиот, но и поконтроверзен Флорентин Пера кој заедно со асистентот Богдан Бурчеа поднесоа оставки од лични причини на два месеца пред почетокот на СП.

Живан Пешиќ, српскиот пивот кој минатата сезона играше за екипата на ГРК Охрид, кариерата ќе ја продолжи во екипата на Нексе од Хрватска.




Познатите српски ракометни асови Андреа Лекиќ и Младен Бојиновиќ се новите директори на сите репрезентации на Србија. Лекиќ на женските, Бојиновиќ на машките тимови.




Флензбург го потврди заминувањето на голманот Кевин Мелер следната сезона. Данскиот чувар на мрежата ќе се пресели во екипата на ГОГ, а во Флензбург доаѓа Симон Мелер. Тој е шведски голман кој настапува за тимот на Тулуз и ќе го гледаме на натпреварите со Вардар во групната фаза на ЕХФ Европската лига.




 

Поврзани вести