Како ќе изгледа новата Лига на шампиони?

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Промената на системот на натпреварување, односно проширувањето на Лигата на шампионите и следствено што тоа ќе донесе во другите натпреварувања, особено во ЕХФ Европската лига е тема што се развлече предолго и како резултат на тоа се појавија бројни нагаѓања како тоа ќе изгледа во иднина.
Последната најава доаѓа од Исланд, каде што Хендкастиг, според нивните извори во ЕХФ, објави верзија на новата ЛШ што би требало да биде активна веќе од следната сезона.

Лигата на шампионите ќе се прошири од сегашните 16 на 24 екипи и тие ќе бидат поделени на четири групи со по шест екипи (Групна фаза). Првите три екипи од секоја група, вкупно 12, ќе формираат нови две групи со по шест екипи (Главна рунда).
Четвртопласираните екипи ќе продолжат во ЕХФ Европската лига.
Првите четири екипи од Главната рунда, пак, ќе продолжат во 1/4 финале и оттаму на Фајналфор, кој останува непроменет.


 

Поврзани вести