Кузмановски: Сами сме виновни за поразот

Фото: ГРК Охрид

Вардар 1961 му го нанесе првиот пораз на актуелниот првак Еурофарм Пелистер во новата суперлигашка сезона. Дербито беше тензично, траеше предолго, ракометот што се играше беше соодветен за меч со голем притисок за актерите инциденти имаше и за време и по натпреварот. Вардар го контролираше резултатот целиот натпревар, битолчаните се обидуваа да изведат уште еден пресврт, но тоа што им појде од рака во Автокоманда, не им појде во Јане Сандански и дома заминаа без бодови. 
Филип Кузмановски, капитенот на битолскиот состав по мечот го коментираше дербито. 

„Ни се повторуваат истите грешки. Бевме мотивирани максимално, добро го познаваме противникот, ги победивме мечевите пред стартот на сезоната и во Суперкупот.
Вардар со ништо не нè изненади, сами сме виновни за поразот. Треба добро да го анализираме овој натпревар и да ги анулираме грешките во иднина. Сигурно ќе ни биде тешко и психички да се вратиме, сега не чека уште еден тежок натпревар со Охрид. Оваа сезона Суперлигата е квалитетна како никогаш досега во последните години, треба максимален фокус за секој натпревар. Мислам дека ритамот ЛШ и Суперлига не е лесен, но верувам во овие момци и ние сме Пелистер и секогаш ќе атакуваме на највисок пласман“, изјави Кузмановски по натпреварот.  

Поврзани вести