Фото: РК Еурофарм Пелистер
РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР - ГРК ОХРИД 33-27 (18-14)
Митревски (11 одб), Радивојевиќ 9, Манасков 7 - Блажески (2 одб), Ѓукиќ 6, Стрмљан 5, Љапис 5, Савревски 5
Актуелниот првак Еурофарм Пелистер немаше големи проблеми во дерби мечот со екипата на ГРК Охрид, кој се покажа како дерби само на хартија.
На теренот, гостинската екипа се загуби на теренот по само петнаесетина минути игра и не беше вистинска опасност за битолскиот состав.
Петнаесет минути имаше резултатска рамноправност (7-6), а потоа домашниот состав преку крилата Радивојевиќ и Манасков постигна три погодоци, поведе со 10-7, потоа од 11-8 врза уште два гола за водство од 13-8 и до полувреме ја одржа разликата (18-14).
Првиот напад во вториот дел им донесе на домашните одново плус пет (19-14), а потоа доминацијата продолжи и во 43 минута веќе беше 10 гола разлика (27-17). Во 51 минута, Е. Пелистер водеше 30-20 и тоа беше последната двоцифрена разлика, но и без тоа натпреварот одамна беше решен.
ГРК Охрид потоа постигна три гола по ред, намали на 23-30 и во рамки на седум-осум гола разлика се играше со крајот, а мечот заврши со резултат 33-27.