Фото: РК Алкалоид/Филип Вирановски
МРК КУМАНОВО - РК АЛКАЛОИД 21-35 (10-17)
Сала: „Куманово“ во Куманово. Судии: Виктор Андонов и Александар Вукашиновски. Делегат: Ацо Николовски
МРК КУМАНОВО: Антевски, Трајковски (5 одб), Димевски 2, Димитров, Вујичевски 2, Цветковски, Цековски 5, Стојановски 1, Трифуновски, Крстаноски 1, Матачиќ 1, Иванов, Да Силва 1, Стојков 3, Михајловски
Седмерци: 3/6 Исклучувања: 4мин.
РК АЛКАЛОИД: Галевски (4 одб), Николовски (5 одб), Џонов 2, Тордарсон 5, Маркоски, Серафимов 8, Карасманакис, Стојковиќ 3, Ѓоргиев 3, Ивановски 2, Костески 5, Петковски, Борзаш 1, Аларов, Иваноски 1, Ѓорговски 5
Седмерци: 4/5 Исклучувања: 10 мин.
Во последниот меч од шестото коло викендов, во Куманово се сретнаа домашниот МРК Куманово и скопски Алкалоид.
Домашниот тим за овој натпревар ја имаше мобилизирано својата навивачка група, но и покрај поддршката што ја добиваа од трибините, не можеа да му парираат на сино-белиот тим кој во изменет, но доволно силен состав стигна до убедлива победа од 14 гола разлика.
Алкалоид беше фаворит на овој натпревар мошне брзо ја оправда и низ бројките во реновираната кумановска сала. Уште по десет минути имаше конкретно водство (6-2), а играта гол за гол почна откако скопскиот тим поведе со шест гола разлика. Таа дистанца од пет до шест гола беше актуелна до крајот на првиот дела, а на полувреме резултатот беше 10-17.
Алкалоид беше доминантниот тим и во вториот дел во кој по десет минути игра поведе со двоцифрена разлика (25-15).
Во последните десет минути од мечот РК Алкалоид почна нова серија и од 29-19, поведе со 33-19, а потоа и со 35-20 што беше и највисоката разлика на натпреварот.
Поврзани вести