Томовски со 16 одбрани, Битенхајм нов лидер

Фото: РФМ

Македонскиот голман Мартин Томовски имаше уште една голема партија за својот Битенхајм во која одбрани 16 удари, а неговиот тим го совлада Лудвигсхафен (29-24) и привремено изби на првото место на табелата во Втората Бундеслига.

Лидерската позиција на Битенхајм во голем дел е заслуга на Мартин Томовски кој и натаму е статистички најдобриот голман во првенството со просечно 14 (13.88) одбрани по натпревар по шест одиграни кола во шампионатот.
Екипата на Дасау Рослаер за која сѐ уште чека за официјален деби настап Томислав Јагуриновски исто така имаше успешен настап во кој победи на натпреварот со Ферндорф. Јагуриновски се рехабилитира од повредата заработена во подготовките и го чека моментот за враќање на терен.

Поврзани вести