Романскиот селектор ќе се степаше со играч!

Foto: SCM Timisoara

Селекторот на Романија, Георге Буричеа имаше свое шоу на клупата за време на натпреварот меѓу Васлуи и неговиот Темишвар. Во 25 минута од мечот, Буричеа влезе во конфликт со својот играч Зоран Николиќ и замавна за да го удри со тупаница за која подоцна велеше дека го „оттурнал“ во градите. Тренерскиот тим го спречи Буричеа и понатаму да се пресметува со ракометарот, мечот беше накратко прекинат за тој доби две минути казна. Но, потоа како ништо да не било (што и тврди романскиот тренер) Николиќ влезе во игра и ги одигра последните 15 минути.
Романската федерација го прегледа видеото и донесе одлука Буричеа да биде предаден на Дисциплинска комисија.
Од клубот, велат дека е преувеличено, па така и самиот Николиќ изјави дека не било ни блиску да биде удрен, туку дека за момент изгубил рамнотежа, па затоа снимката погрешно се толкува

Видеото од настанот можете да го погледнете овде.

 

Поврзани вести