Гал Цирар заминува од ГРК Охрид

Фото: ГРК Охрид

ГРК Охрид денеска информираше дека спогодбено се разделува со словенечкиот интернационалец Гал Цирар.
Десното крило во Охрид дојде пред три сезони од екипата на Тримо Требње и е еден од играчите што го оправда своето реноме и во дресот на ГРК Охрид. Годинава во Охрид, пак, пристигна српскиот интернационалец Дарко Ѓукиќ и тој ја презема стартерската улога на позицијата десно крило.
Разделбата е важечка веднаш и охриѓани веќе му посакаа среќа во натамошната кариера.

Поврзани вести