Уапсен потпретседателот на ЕХФ!

Фото: Mkdhandball

Потпретседателот на ЕХФ, Предраг Бошковиќ, денеска е уапсен по налог на Јавното државно обвинителство во Црна Гора. Тој е приведен во специјално полициско одделение во рамки на истрага за криминална група која според обвинителството е организирана од извесен бизнисмен.

Предраг Бошковиќ е поранешен министер за одбрана на Црна Гора и некогашен функционер на Демократската партија на социјалистите. Во оваа истрага притвор е одреден и за споменатиот бизнисмен и за поранешниот шеф на контраразузнавачката служба.

Фото од приведувањето можете да погледнете овде
 

Поврзани вести